477
Група од 165 жители на селото Олмен во белгиската провинција Антверпен освоила 143 милиони евра на лотарија Јуромилионс (Euromillions).
-Жителите на Олмен ги собрале парите и заедно купиле ливче во киоск. Секој од нив освои од по околу 868.000 евра, соопшти Белгиската државна лотарија.
- Advertisements -

За жрепката во вторникот имало 27 милиони пријави. Џекпотот изнесувал 142.897.164 евра.
Портпаролот на Државната лотарија, Јоке Вермоере изјави дека групните добивки во Белгија не се чести и дека ова е најголема група која некогаш освоила награда.