Со возило удрил во велосипедист, а потоа избегал!

by Фокус

Вчера во 20.30 часот во Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул. „1 “ и ул .„7“ во Долно Лисиче се случила сообраќајна несреќа во која возило удрило во велосипед управуван од С.Ј.(61) од Скопје, по што возилото го напуштило местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Ј., констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Поврзани новости