689
Единствената тројазична општина во Македонија, Крушево, доцна вечерва ја слави победата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, кој е избран за нов претседател на Македонија.
Дел од населението во Крушево се Власи, па со традиционални влашки и македонски песни пред штабот на СДСМ, крушевчани излегоа и ја прославија победата на Пендаровски на овие претседателски избори.
Заедно со нив, секако беше и градоначалникот на градот, Томе Христоски, кој со своите сограѓани ја сподели радоста од денешните избори.
Во Крушево се говорат три јазици: Македонски, влашки и албански јазик, а власите сочинуваат 19.14 отсто од населението во овој град.