Со весникот Српски Телеграф подарок лепенки за јајца со ликот на Св.Петка, но и на Вучиќ, Путин и лекарот Несторовиќ

by fokus

Со денешното издание на српскиот дневен весник Српски Телеграф, следуваше и подарок, наменет за претстојниот верски празник Велигден, односно сликички за јајца.

Она што го привлече вниманието на јавноста, е дека освен лепенките со верски мотиви, односно со ликот на Св. Петка, Св.Сава, Богородица, манастирот Острог, како и ликови на познати историски личности како Никола Тесла и Петар Петровиќ Његош, меѓу стикерите за јајца се и ликовите на неколку политичари, односно на Александар Вучиќ, Ивица Дачиќ, Владимир Путин…

Но, српските граѓани на своите велигденски јајца ќе можат да го залепат и лекарот Бранимир Несторовиќ, кој во јавноста е познат по тоа што велеше дека корона вирусот е најсмешниот вирус во историјата.

Поврзани новости