981
Општина Неготино ја објави програмата по повод празникот на лозарите и винарите, Свети Трифун. Предвидени се повеќе настани, кои ќе започнат на 10-ти февруари, со натпревар во дегустација на вино и ракија.
Потоа следуваат отворање на ликовна колонија, копаничарска изложба, Мастер клас за дегустација на вино… Во вторник, на плоштадот ќе се одржи настанот со традиционалното закројување на виновата лоза, како и настапи на фолклорни друштва и локални музички групи.
Како главна ѕвезда на манифестацијата е најавена групата ,,Љубојна” со вокалистката Вера Милошевска – Јосифовска, а концертот ќе започне во 20.30 часот. Се очекуваат голем број на посетители од сите краеви.
Вики Клинчарова