Инфектологот Патриција Каламарас, раководител на Инфективното одделение во ГОБ „8 Септември“ на својот Фејсбук профил објави неколку пораки до сите оние кои не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.
Во продолжение ви го пренесуваме нејзиниот статус:
Дали мислите дека со вашето надмудрување и непочитување на препораките ќе го избегнете виурост?
Дали мислите дека е во ред да го уништите наш макотрпен труд, одрекување од фамилиите, одрекување од нормален живот со обвиненија дека се е измислица и дека ќе се избегне трудот?
Дали мислите дека го заслужуваме ова ние кои постојано бдееме над вас?
Дали мислите дека мерките кои се донесуваат се против вас и дека некој сака да ви наштети?
Дали сте свесни дека со непочитувањето на мерките еден ден ќе не убие сите нас?
Уште колку време треба да помине за да се уверите дека над сите нас виси мечот на смртта?
Треба ли да има помор на целиот народ за да сфатите дека вирусот е тука и е помеѓу нас?
Дали сте свесни дека здравствениот персонал е на работ на силите?
Ќе се лечите сами?
А лекови?
Заштитна опрема?
Почна да се разболува персоналот.
А зошто?
Затоа што вирусот не постои?
Едно големо благодарам од името на целиот медицински персонал за вашата почит кон нас. Ете со вашите теории на заговор убијте го целиот персонал, па со вашите теории на заговор ќе се лечите сами“, пишува Каламарас.