1.1K
Со црвена боја во било која форма како симбол за сите убиени животни, со транспаренти и свирчиња, активистите за заштита на животните повикуваат на протест утре, во 16 часот пред Владата. На протестот ќе се изрази револтот поради масовното убивање на кучиња кое се случи изминативе неколку дена.
Во Струга со огнено оружје среде улица беа убиени повеќе кучиња неделава, а пак во Неготино исто така беа отруени десеттина кучиња и мачки.
Активистите порачуваат дека не смее да се дозволи убивањето на животни да стане нова реалност, туку е потребно системско решавање на проблемот, отворање на државни центри за згрижување на животни, задолжително микрочипирање и стерилизација на милениците.
Вики Клинчарова