Со товарно возило удрил во тротинет, еден човек заврши во болница

by Fokus

МВР информира дека вчера утрината во 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, товарно возило „мерцедес спринтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(36) удрило во тротинет управуван од И.Д.(35), двајцата од Скопје.

Во несреќата И.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости