343
Шеесет и осумгодишната С.Д се здобила со тешки телесни повреди, откако вчера доцна попладне беше прегазена од такси возило управувано од 63-годишен возач на еден од пешачките премини на кружниот тек кај „Стопанска банка“ во Штип.
Портпаролот на Клиничката болница во Штип, Марина Шуманска изјави дека жената е хоспитализирана на Одделението за ортопедија, а лекарите констатирале тешки телесни повреди, односно повреда на рбетен столб. Здравствената состојба на жената е стабилна и таа е под лекарски надзор.
Во рок од 13 дена, ова е втора несреќа на пешачки премин во Штип. Претходно, петнаесетгодишен средношколец почина откако беше прегазен на пешачки премин.