Со тешки изгореници на лицето од врел мазут се здоби работник во „Вардар Доломит“

by fokus

Работник во гостиварската фабрика за доломитни материјали „Вардар Доломит“ се здобил со тешки изгореници на вратот и лицето од врел мазут кога настанало прскање од пумпа за гориво. 58-годишниот Н.С. од Гостивар е пренесен во Медицинскиот центар, а синоќа еден час по полноќ настанот бил пријавен и во полициската станица.

Повредата на работно место се случила во моментот кога Н.С. сакал да изврши промена на филтерот на една од пумпите за гориво. При отворање на капакот дошло до прскање на мазут кој бил со висока температура. Мазутот го испрскал Н.С. во пределот на вратот и лицето нанесувајќи му изгореници.

По укажана лекарска помош констатирани му се изгореници од втор и трет степен, по што е препратен во Клинички центар Скопје.

Поврзани новости