Со сто учесници на сцена, Камерен оркестар Битола ќе одржи рок концерт во Скопје

by Fokus

По два извонредни концерти изминатата година во Скопје и Битола, вториот дел од проектот MTV The Greatest Hits 80’s & 90’s Volume 2 повторно доаѓа во Скопје, најавуваат од Камерен оркестар Битола.

Со сто учесници на сцена, 10 извонредни изведувачи, оркестар во полн состав, хор Мирче Ацев, и балетски играчи при Национална опера и балет, присутните ќе имаат можност да ги слушнат во живо вечните хитови од легендарните рок бендови како Guns N’ Roses, Queen, Scorpions, Europe, како и на најдобрите хитови од Whitney Houston, Tony Braxton, Tina Turner, Coolio и многу други.

Sweet Child O Mine, The Final Countdown, Send Me an Angel, Show Must Go On, како и извонредните Black Velvet, I Wanna Dance with Somebody, Simply the Best, Heal the World, се само дел од хитовите на репертоарот од вториот дел на проектот.

Настанот ќе се одржи во Национална опера и балет на 13-ти април, со почеток од 20 часот, а билетите по цени од 1.000 до 1.500 денари се пуштени во продажба.

Од Камерен оркестар Битола известуваат дека наскоро ќе следи информација за изведувачите, односно кои музичари ќе ги отпеат легендарните рок хитови.

Вики Клинчарова

Поврзани новости