56
МВР информира дека во Кочани, 75 годишна жена била излажана од едно лице дека нејзиниот внук прегазил мигрант во Германија, за што и побарал пари за да му помогне.
„Во Одделението за внатрешни работи Кочани, 75 – годишна жена од Кочани синоќа пријавила дека била измамена од едно лице“ соопштија од МВР.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ја довело во заблуда дека нејзиниот внук предизвикал сообраќајна несреќа во Германија, дека згазил лице – мигрант, а доколку сака да му помогне, треба да му даде 60.000 евра.
Како што е пријавено, подоцна пред нејзината куќа дошло друголице на кое таа му дала 251.400 денари“, наведуваат од МВР.
За настанот е запознаен јавен обвинител и се работи на негово расчистување.