Озбек Ајваз утринава во Градски парк преку скулптура, визуелно ја претстави бактеријата ешерихија коли.
„Проширувањето на бактеријата ешерихија коли, поради недостиг на јавни тоалети во Скопје, како метропола на оваа држава, претставува сериозна здравствена опасност“ – соопшти Озбек Ајваз.
Ешерихија коли е патогена бактерија која се наоѓа во долниот дел на човековиот дигестивен тракт и не смее да дојде во горниот дигестивен тракт (желудник, хранопровод, тенки црева) бидејќи во тој случај може да предизвика сериозни гастроинтестинални инфекции кај луѓето.
Ајваз смета дека со недостиг на јавни тоалети граѓаните се ставени во непријатна ситуации бидејќи не можат да одржат адекватна хигиена, што го зголемува ризикот од заболувања што се пренесуваат преку контакт, како што е наведената бактерија.
„За да се намали овој ризик и да се обезбеди подобра хигиена и здравје за граѓаните, неопходно е да се инвестира во изградба и одржување доволен број јавни тоалети во градот. Освен тоа, потребни се и стратегии за подигнување на свеста кај граѓаните за значењето на хигиената и користењето на јавните тоалети“ – наведува тој.