Со Силјановска – Давкова очекуваме да освоиме најмалку 100 илјади гласови повеќе од СДС, вели Милошоски

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори ќе настапи со кандидатот, професор доктор Гордана Силјановска Давкова. И оваа кандидатура која што е стигната до партијата би требало да биде потврдена на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на 2 март и очекувам истата да добие огромна поддршка, вели пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во неговото денешно гостување во централниот дневник на Алсат телевизија.

Во однос на против кандидатите на професорката Силјановска Давкова во претседателската трка, Милошоски вели дека е добро што има повеќе кандидати и веројатно ќе има уште некој кандидат кој што ќе се пријават за овој изборен процес затоа што е добро граѓаните да имаат поголем избор.

„Очекуваме на 24 април кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и нашата коалиција да има најмалку 100 илјади гласови повеќе од кандидатот на Социјалдемократскиот сојуз, а потоа да следуваат и другите кандидати“, рече Милошоски.

Запрашан дали е ризично тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе оди со истиот кандидат од пред пет години, Милошоски истакна дека тогаш професорката Силјановска Давкова оствари одличен резултат и дека досега во Македонија се нема случено кандидат од опозиција да победи во претседателска трка, имајќи го предвид и демократскиот капацитет на владејачките СДСМ-ДУИ.

Поврзани новости