Со шверцот на цигари се финансираше војната во Босна

by Фокус

Фељтонот за прв пат беше објавен во август 2010 година.

Белград, седиште на Либералите, Пролетерска бригада 76Состанокот се одржа во просториите на седиштето на Нова Демократија (Либералите на Србија), на улицата Пролетерска Бригада 76. Отидов заедно со Владимир Поповиќ. Со нас беа и неколку мои другари, како и неколку полицајци, припадници на службеното обезбедување на Владимир Поповиќ, кое го имаше во тоа време.

На состанокот дојдовме во 21:30 часот, бидејќи Михајловиќ беше зафатен со активностите во партијата во некој град во Србија, па поради тоа не можеше да дојде порано.

Не прими Иван Ѓорѓевиќ, за кого дознав дека е личен секретар на Михајловиќ во партијата и истовремено шеф на кабинетот на Михајловиќ во Министерството за полиција. Додека го чекавме Михајловиќ, Ѓорѓевиќ неколку пати разговараше со него на телефон, му соопшти дека сме стигнати и ни го пренесе неговото извинување поради доцнењето. Во канцеларијата влегуваа бројни други партиски политичари, кои главно се поздравуваа со Поповиќ.

 

БОРИС ТАДИЌ Е ЧОВЕК НА КОС?

Михајловиќ стигна околу 22:15 минути и после срдечното поздравување со Владимир Поповиќ, се поздрави со мене. Цврсто стискајќи ми ја раката, со смешкање ми се обрати: Добре дојде земјаче!

Ме внесе во својот кабинет многу топло и срдечно, со неговата рака преку моето рамо, ми понуди пијалок и веднаш прејде на работата. Ми објасни дека немам причина за грижа, дека ,зад добриот коњ, прашина се крева,, дека сум богат и чесен човек, способен и паметен, дека ние двајцата долго време се знаеме, но, дека до сега не сме имале можност лично да се видиме. Зборуваше се во тој стил.

Му поставив прашање во врска со моите проблемите кои ги имам на граница при влегување во земјата, како и за истрагата која се води против мене. Му кажав дека никој ме нема повикано никогаш ниту на еден разговор, му соопштив дека тоа ми нанесува огромна штета, дека ме доведува мене и моето семејство во опасност и дека на тој начин ми е загрозена безбедноста. Поради тоа го замолив официјално да ме поканат и да ги направат со мене сите разговори, да истражат се што сакаат, само да се прекине овој полуприватен прогон кој трае уште од 1997 година.

Михајловиќ таинствено ми се смешкаше и ми одговори дека тој и полицијата знаат за мене дека сум чист, но, дека Коштуница и луѓето околу него сакаат да ме оцрнат и уценат, за да се пресметаат не само со Мило Ѓукановиќ, туку и со покојниот Зоран Ѓинѓиќ. Како причина го наведе и фактот дека сакаат да ми одземат дел од капиталот, на кој што имаа фрлено око.

Ми рече дека тој тоа нема да го дозволи, дека води грижа за мене и дека ме штити, дека додека е тој министер за полиција, мене нема влакно да ми фали и дека сега од најголема важност е што подобро да помине на изборите, кои беа закажани за декември. Ми кажа дека има договор со многу странски амбасадори, дека ќе остане и понатаму на местото министер за полиција.

За Вуковиќ и неговата истрага ми кажа да не се грижам, се смееше на глас и коментираше дека Вук (Миодраг Вуковиќ) пишува некоја книга, а Михајловиќ му рекол: Заеби го пишувањето, ние сме полиција, а не сме писатели. Но, и покрај тоа, Вуковиќ не прекинал со пишувањето. Во таа прилика, Михајловиќ ми рече да не се грижам, туку да помогнам на неговата партија на изборите, бидејќи тој со кампањата „Црна овца“ всушност му помага на Чедо на престојните избори, со оглед на тоа дека во ДС е во тек обид за пуч на чело со инсталираниот човек на војската и на КОС – Борис Тадиќ.

Ми рече дека е многу важно тој со Либералите да успеат да влезат во власта, дека смета на мене и на мојата ситна поддршка за кампањата од 50 илјади евра. Ова негово барање го прифатив и набрзо после состанокот, парите ги уплатив на сметка на агенцијата која му ја работеше кампањата, како што самиот Михајловиќ бараше.

Во таков стил помина нашата прва средба, која траеше 2 часа. На разделбата, ме застана и за момент почека Владимир Поповиќ да излезе прв, па ми шепна дека би требало повторно да се видиме, дека тогаш ќе ми каже зошто имам третман на ,сомнително лице, и дека сум бил доволно паметен за да знам кој тоа ми го прави. Веднаш по изборите, кога со својата партија не го помина цензусот, преку Владмир Поповиќ бараше итно да дојдам во Белград, бидејќи се работело за многу важно и за мене значајно.

 

ЛУЃЕТО НА КОШТУНИЦА ГИ НАРЕЧЕ МРАКОБЕСНИЦИ

Србија, Белград, Бизнис клуб Лутра, ул. Мајка Јевросима 23
Дојдов во Белград и со Поповиќ отидов на состанок во седиштето на Лутра или во некој клуб на Лутра, кој се наоѓаше на улицата Мајка Јевросима 23. Инаку, тој ден за прв пат не ме застанаа на граница и ништо не ме прашаа.

На состанокот дојдовме во 11 часот предпладне и го чекавме Михајловиќ до 13:30, бидејќи според зборовите на секретарката тој се наоѓаше на седница во владата и на други неодложни состаноци. Во текот на средбата, Михајловиќ повторно беше многу срдечен, ми се заблагодари на финансиската помош која им ја дадов. Но, цело време беше загрижен, посебно поради лошите резултати на изборите и стравот од доаѓањето на власт на Коштуница и неговите соработници, кои ги нарекуваше мракобесници!

После неколку минути со загрижено лице ми предаде едено големо плико и бараше од мене да погледнам што има внатре. Го отворив пликото и меѓу педесетината листови на хартија, го отворив првиот лист, кој претставуваше некаква шема за шверц со цигари во деведесетите години, каде што на врвот од пирамидата, покрај имињата на Мирјана Марковиќ, Марко Милошевиќ, Михајло Кертес, Јовица Станишиќ и многу други, се наоѓаше моја слика и слики на моите соработници од фирмата „Миа-Уб“. На врвот од листот пишуваше МУП Србија, полициска акција Мрежа, а во таа шема бев претставен како еден од главните организатори на шверцот со цигари.

Листајќи ги листовите хартија и останатите дијаграми кои ми ги предаде министерот Михајловиќ, се уверив во вистината, во сите гласини кои до мене доаѓаа со месеци, дека Вуковиќ води нарачана истрага, со намера мене да ме означи како виновник, а вистинските виновници да ги аболира. Бидејќи од уводот на документите се гледаше дека акцијата се спроведува по налог на министерот на полицијата, го прашав што е тоа, а тој на тоа ми одговори:

„Тоа е тој Вуковиќ, кој ме излажа дека пишува книга, кој ја води неовластено истрагата. Не грижи се, јас ќе сторам се за тоа да се фрли, тоа е тенденциозно правено за да те рекетираат, веројатно Вуковиќ тоа го направил во шема со луѓето на Коштуница…
Ха-ха-ха, не сакал да пишува книга, па спровел истрага… Сонароднику, немој да се грижиш, тука се и Мишко (Мирослав Мишковиќ), Перо (Петар Матиќ), Мира, Марко, Слоба… Заеби го пишувањето… Јасно ми е дека тоа е конструкција, не грижи се, тој Вуковиќ е будала, јас сето ова ќе го уништам, сакаше да те стави и во Белата книга, но, јас не му дозволив, ха-ха… Дај ми го ти мене твојот број, често сум надвор од земјата, па ние да се видиме и да поразговараме за сериозни работи, а не за вакви глупости, а и побезбедно е сега надвор, отколку тука, кога ќе дојдат овие криминалци на Коштуница.“

 

МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА НЕ ЗНАЕШЕ ЗА „МРЕЖА“

Истакнувам дека сево ова го изговори во присуство на Владимир Поповиќ. Му го дадов мојот телефонски број на Михајловиќ и ја напуштив зградата на „Лутра“. Ми беше во потполност јасно дека Михајловиќ стои позади сето тоа и дека тој манипулира со сите тие акции, само што се уште не ја знаев вистинската причина, подобро кажано – цената!

После излегувањето од „Лутра“, Владимир Поповиќ ми предложи да одиме до неговата канцеларија која се наоѓаше во близина на „Лутра“, и да го повикаме министерот Владан Батиќ, со цел да му соопштиме што работи министерот на полицијата. Министерот Батиќ дојде после некое време и тогаш за прв пат се запознавме и се видовме. Поповиќ му ја покажа документацијата која што ми ја предаде министерот Михајловиќ и му објасни дека ние двајцата сме убедени дека Михајловиќ тоа го прави заради уцена и заради обид да извлече некој личен интерес.

Министерот Батиќ беше шокиран во врска со тие листови хартија, никогаш за такво нешто немаше слушнато, во владата никогаш за тоа не се разговарало, ниту на седниците за национална безбедност, ниту во рамките на правосудните институции, на чие чело се наоѓаше.

Бидејќи министерот за правда, Батиќ, во исто време беше политичар, председател на една партија, набрзо во тие листови хартија и во шемите забележа дека всушност тоа е правено за да се покаже дека обвинувањата од страна на Коштуница, поддржано со написите од Иво Пуканиќ во хрватскиот „Национал“, во суштина се точни, дека тоа била основата на изборната кампања од страна на опозиционите партии и дека едниствена причина за оваа акција е натамошна дискредитација на политиката и партијата на Зоран Ѓинѓиќ.

Сфаќајќи дека последиците по мене можат да бидат катастрофални, дека министерот за полиција манипулира со својата положба, дека во Србија немам од кого да добијам подршка, се обратив до адвокатите во Швајцарија и во Франција. Им ги предадов материјалите кои ги добив од Михајловиќ и истите ги доставив и до официјалните безбедносни институции на државата, таму каде што ги познавав нивните функционери.

 

БЕБА ПОПОВИЌ НЕ СМЕЕ ДА ЗНАЕ ЗА СРЕДБИТЕ!

Швајцарија, Цирих, Гранд Хотел Долдер
Набрзо после оваа средба, кон крајот на јануари 2004 година, Михајловиќ ме повика  од својот број +38163255500 на мојот мобилен број +41793550572 и бараше итно да се сретнеме, но, без присуство на Беба (Владимир Поповиќ), инсистирајќи на тоа дека тој не смее ниту да знае за тој состанок. Прифатив и се договоривме да се видиме во Цирих во Гранд Хотелот Долдер- Курхаистрасе 65, каде што се видовме за време на ручек и останавме заедно полни 7 часа!

Во оваа прилика ми донесе нов органиграм во кој повторно бев присутен, само што сега во таа шема беа и вистинските шверцери на цигари од 90-тите години, кои тоа го правеа во договор со државата: Мирко Вучуровиќ, Перо Матиќ, Душан Забуновиќ, Мирослав Мишковиќ, Бојан Бајрушевиќ, Вања Бокан, Марко Милошевиќ…

На моето прашање, од каде јас меѓу тие луѓе, кога не продавав цигари во Србија, туку бев официјален застапник и трговец на големо на официјални производители на цигари, Михајловиќ ми соопшти дека тоа Вуковиќ го направил по налог на ДБ, Коштуница и на непријателите (не ми објасни кои се тие), со намера да ми ги земат парите. Михајловиќ тврдеше дека тој се бори против тоа и дека сеуште немам причини за грижа, бидејќи тој ги држи сите работи во свои раце.

Бараше од мене да не известувам никого за нашите средби, посебно не Беба (В.П), бидејќи тој не е политичар, дека не умее да чува тајни, дека тера некоја правда и дека тоа само може да ни наштети на нас двајцата и поради тоа треба само да се држам до него (Михајловиќ) и за ништо да не се грижам!

Иако разговорот траеше 7 часа, многу малку успеав да сфатам за што зборува Михајловиќ, бидејќи зборуваше во шифри и мистериозно, недефинирано, ги прескокнуваше започнатите реченици и продолжуваше со друга, гестикулираше и таинствено се смешкаше. Единствено што успеав јасно да разберам, беше дека итно му требаат пари, многу пари, дека има потреба за продолжување на политичката борба, за ,тој и неговите, да му се спротивстават на непријателот.

Јас постојано се враќав на листовите хартија што ми ги имаше дадено, му објаснив дека се идентични на акцијата која што Вуковиќ се обидува да ја спроведе во 1997 година и дека тогаш со сета поддршка на државата на суд загуби и дека сега го работи истото како негов службеник!

Тој ми тврдеше дека знае се за улогата на Вуковиќ во претходниот режим, дека сум спасил глава кога во 1997 година сум побегнал од земјата. Вуковиќ по налог на тогашниот началник на криминал, Драган Илиќ, но, по директен налог на министерот Влајко Стоиљковиќ, имал задача да ги аболира вистинските шверцери на цигари и да најде жртвено јагне. Изборот паднал на мене и тие со тоа сакале да го компромитираат Баџа, да го покријат неговото убиство, а улогата на Вуковиќ во сето тоа била многу нечиста. Но, јас не треба да се грижам, дека сето тоа тој ќе го среди, а јас само да гледам ,што побрзо да им помогнам,!

Читајќи ја документацијата која ми ја донесе, видов дека главен акцент е ставен на некое запленување на цигари во Нови Сад, каде што сум обвинет дека сум бил организатор. Барав од него што побрзо да ме сослушаат, ги имав сите податоци за тоа. Тоа беше полициско-царинска акција која ја организираше државата, јас бев само искористен да ја набавам стоката (цигарите) и со тоа немав никаква врска и поради тоа сакав што побрзо тоа да се дознае!

 

ДОЈДЕ ДО ШВАЈЦАРИЈА САМО ЗА РЕКЕТИРАЊЕ

Ми тврдеше дека немам причина за грижа, дека не треба никакви изјави да давам, дека тој ќе се погрижи сето тоа да се фрли и заборави, а јас да гледам што побргу да помогнам во „нивната борба“. Упорно инсистирав да бидам сведок во таа истрага, му реков дека знам се за шверцот со цигарите во деведесетите години, дека знам кој што работеше, дека имам документација за се, дека шверцот го организираше државата, односно државната безбедност преку Мирко Вучаревиќ.

Со тие пари се финансираше војната во Босна, воените злосторства, дека работата околу цигарите е во Нови Сад, дека за државата работи Вања Бокан, дека праќањето на финансиска полиција беше конфликт помеѓу јавната и тајната полиција околу црниот пазар за трговија на цигари, дека со ваквите акции само се врти вниманието од вистината и се наведува кон погрешна трага, дека после ќе биде доцна, дека сите криминалци ќе се извлечат!

Михајловиќ одобруваше се, дури за некои ситници знаеше во детали, целата вина ја наметнуваше на Вуковиќ и на неговите стари врски од ЈУЛ. Ми рече дека Вуковиќ се обидува тоа да го предаде на обвинителот, но, дека обвинителот го одбил како застарено дело, а материјалот ми го донел во Швајцарија само за да ми го покаже што би можело да се случи ако него го нема!

Се распрашуваше, колкава е штетата која ми ја нанесуваат, колку сето тоа ме чини, со коментар дека сум заработил многу пари, па би било ред малку да се одолжам. Во таа прилика ми го напомена Пецони (Предраг Ранковиќ) и ми рече:

„Ете, тој убаво даде дел и сега е угледен деловен човек! Убаво дојде кај Кариќ, ме повикаа и мене, дојдов, се се договоривме и сите се среќни… Туку, земјаче, зборувај што се и каде поседуваш, па да ја завршиме работата… Кажи колку пари и кои бизниси… Што се за тебе многу пари?“

Тогаш веќе беше очигледно, дека неговото доаѓање е исклучиво заради рекетирање, но, бидејќи се уште беше министер за полиција, морав да бидам внимателен, да се обидам точно да видам што сака. Барав да ми каже што конкретно и колку бара и што за возврат ќе ми понуди. Промрморе дека партијата е скапа, дека животот е скап, дека ги има многу (не сакаше да ми каже кој се тоа тие), дека мене ова многу ме чини, дека тие ќе ми го вратат имиџот и дека ќе можам нормално во иднина да работам. Бараше да му кажам колку пари имам, па, после тоа, тој ќе одлучел колкав дел е потребно да се издвои!

За да добијам на време, му кажав дека парите не можам да им ги дадам во готово, туку само по пат на проекти, преку фирми и банки. Тој ми соопшти дека „тие“ се многу нервозни и нестрпливи, дека се мора итно да се заврши и дека тој набрзо ќе ме контактира.

Веднаш по враќањето во Женева, ги контактирав моите адвокати во Женева и Париз и им соопштив што се случува. Тие ми предложија да ја продолжам комуникацијата, за да се снабдат со докази за рекетирањето што го спроведуваше министерот за полиција во Србија. Ми предложија да го информирам обвинителот во Женева и јас тоа го направив, а дел од тужбата која се води кај надлежното обвинителство во Швајцарија е против Душан Михајловиќ, пред се за дела изнуда, уцена и рекетирање!

 

ЌЕ ДАДЕШ ПАРИ ИЛИ ЌЕ ИМАШ ПРОБЛЕМИ!

Франција, Париз, Адвокатска канцеларија Вероник Лартиг
Кога Михајловиќ повторно ми се јави за да организираме средба, по сугестија на моите адвокати, состанокот го закажав во Париз, и тоа во адвокатската канцеларија, за да обезбедиме докази за неговите криминални работи.

Се сретнавме во почетокот на февруари 2005 година во Париз во адвокатската канцеларија на Вероник Лартиг, со адреса: 4 Руе Думонт Д Урвил. На состанокот дојде со пилотска торба, од која за мене извади некои вина и ми ги даде како подарок, ја остави торбата празна, ја стави на масата пред мене, смешкајки се и со гестукулации со главата ми покажуваше дека треба да ја наполнам. Веднаш ми кажа дека „доле“ го чекаат луѓе кои се многу нервозни и нестрпливи!

На моето прашање, што се случува со „Мрежа“ и што конкретно тој очекува од мене, започна да ми објаснува дека ситуацијата е многу комлицирана, дека тој наскоро ќе го напушти местото министер за полиција, дека Вуковиќ предал се на инспекторите Бранко Глушиќ и Богдан Пушиќ, со кои работел на оваа акција, дека во моментов тоа тие го сакаат и дека ако ние не реагираме брзо, се ќе дојде до Коштуница и до новиот министер и дека ќе биде доцна за било што друго да се направи!

Ми рече дека Глушиќ и Пушиќ се негови луѓе, дека Глушиќ го вработил во МУП на молба на еден деловен пријател од Словенија и дека може преку него се да заврши, да го контролира Пушиќ и дека мора брзо да се реагира, туркајќи ми ја торбата под нос и покажувајќи ми на нејзината внатрешност.
Повторно му објаснив дека немам толкав износ во готовина, дека можам само да инвестирам во проекти, преку банки, но, пред се, мора да ми каже за какви проекти станува збор.

Тој нервозно ми бараше веднаш да му дадам барем милион евра, бидејќи во Белград го чекаат многу нервозни соработници, дека парите морам да ги дадам како заем, како знам и умеам. Му соопштив дека најмногу што можам да обезбедам се 100 или 200 илјади евра, но, дека и за тоа ќе ми треба време. Михајловиќ започна да станува непријатен, почна да ми се заканува, извади кеса од џебот, ме запраша што е со моите сметки во Кипар, за кои ми тврдеше дека ги гледал тие изводи и ме праша каде се тие пари!

Му објаснив дека тој би требало подобро да знае за тоа, дека во Кипар имав фирма, која имаше голем промет врз основа на трговските договори со производителите на цигари, дека тие пари не беа мои, дека тоа е промет, дека на мојата фирма и останаа 6 или 7 отсто од тој износ, а дека тој и Динкиќ беа во Кипар, наводно да ги бараат парите на Слободан Милошевиќ и дека таа сметка во јавноста ја претставија како сметка со украдени пари од Србија, само заради тоа што овластувањето на таа сметка ја имаше мојот внук, кој по некоја случајност се презиваше Милошевиќ!

Вртејќи ја главата, Михајловиќ почна луто да зборува за Динкиќ:

„Да, да, тоа е она гомно од Динкиќ… И мене ме прејде околу Кипар. Јас многу доцна сфатив дека го користел презимето на твојот внук за да ја сврти истрагата од вистинските сметки, а подоцна се здружи со сопствениците на вистинските сметки. Ѓубре едно. Тоа и Зоран подоцна го сфати и поради тоа сакаше да го избрка. Крадец еден, сето тоа со Волф Миниќ и со Коштуница го смисли… Но, пушти го сега тоа, што било – било. Што ќе правиме ние за парите? Сакаш ли да дадеш пари или ќе има проблеми“!

Смирено му објаснив дека немам кеш, дека сакам да помогнам и „нив“ да ги финансирам, но, само преку проекти и преку фирми. Видно незадоволен, ја затвори пилотската торба, промрморе дека е многу лошо, но, дека ќе видел што може да се направи околу проектите и потоа ја напушти канцеларијата.

Истакнувам дека, иако бевме сами во канцеларијата, моите адвокати преку видео надзор го следеа овој состанок и веднаш по неговото завршување составија записник, а јас го предадов на надлежните власти во Франција.

Во текот на личните средби, како и на телефонските повици и пораки, постојано ме предупредуваше на тоа, Владимир Поповиќ ништо да не знае, бидејќи во тој случај се ќе пропаднело, а јас тоа го почитував и ништо не пријавував, на било кого, освен на моите адвокати и на надлежните функционери од службите за безбедност во неколку европски држави!

БАРАШЕ 20 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА Ц-МАРКЕТ

Шпанија, Марбел, Доаѓање со Слободан Радуловиќ
После неколку недели, Михајловиќ ми се јави од истиот телефонски број, ме праша каде сум и бараше итно да се видиме. Му соопштив дека сум во Марбел, дека тука ќе останам цел месец. Тој ми побара адреса за да се видиме итно, ми кажа дека наводно доаѓа со пријател во врска со проектите и се според него беше итно.

Во Марбел дојде два дена подоцна, во друштво на Слободан Радуловиќ, директор на компанијата „Ц-Маркет“. Михајловиќ бараше состанок со нас двајцата. Ми соопшти дека треба да вложам 20 милиони евра во „Ц-Маркет“, дека работата е многу итна, бидејќи Коштуница се обидува да ја земе таа компанија преку Мишковиќ и Беко, чии односи се многу добри.

Ми рече дека „Ц-Маркет“ мора да остане на „нив“ дека преку „Ц-Маркет“ ќе ги финансирам сите „оние“.
Смеејќи се, ми соопшти дека ,добро сум поминал, и дека тој износ на пари за мене не биле ништо, туку, напротив, дека со тоа правам добро дело. Радуловиќ ми потврди дека се потребни 15 или 20 милиони евра за да се откупи мнозинскиот пакет на акции, дека мора да реагираат брзо, бидејќи Мишковиќ ќе ни го зеде „Ц-Маркет“!

На моето прашање, во која форма им требаат парите, дали како инвестиција од стратешки партнер или како финансиска позајмица, двајцата се погледнаа со чудење и поради тоа Михајловиќ побара да разговара на само со мене. Тогаш почна да ми се обраќа со друг тон и заканувајќи се ми соопшти:

„Дали си ти луд? Нели веќе сфати дека треба да дадеш пари или во спротивно ќе наебеш? Таму доле ситуацијата станува комплицирана, сите поради тебе се нервозни и ако продолжиш да не заебаваш, сметај дека си готов!“.

После советите од моите адвокати, ја продолжив „играта“. Им соопштив дека сакам да учествувам во финансирањето на проектот, но, дека ми треба време. Пред се, барав да го добијам проектот и да видам се околу приватизацијата, дека морам да повикам луѓе од мојата фирма кои би го воделе тој проект.

Со тоа купував време, Радуловиќ беше полузадоволен, а Михајловиќ видно незадоволен. Неговите очекувања беа, тој ден да ја добијам сметката од Радуловиќ на која ќе уплатам 20 милиони евра и сето да се заврши истиот ден!

Адвокатите ме советуваа да одолговлекувам, но, да вклучам некој во договорот, за да имам сведок. Му се обратив на мојот пријател Зоран Бечировиќ, деловен човек од Москва, му објаснив се што ме снајде од страна на министерот за полиција во Србија. Тој ми понуди помош и се договоривме на следниот состанок да дојде и тој со мене.

 

ЌЕ ИМАМ КОРИСТ КОГА ЌЕ ДОЈДАТ НА ВЛАСТ

Франција, Бургоњ, Писмо за намери околу „Ц-Маркет“
Следниот состанок се случи во Франција, во Бургоњ во мојата винарија Луис Макс, 6 Руе де Чаункс Нуит Сант-Георгес, каде Михајловиќ стигна со Слободан Радуловиќ.

Пред почетокот на деловниот дел од состанокот, ми шепна дека ситуацијата со „Мрежа“ е доста тешка, но, дека тој и ,понатаму ги држи, инспекторите Глушиќ и Пушиќ и дека ако го ,затвориме, ова, се ќе биде во ред.

Михајловиќ донесе некој лист хартија, писмо за намери и број на сметката на која требаше да ги уплатам 20-те милиони евра. Тогаш во разговорот се вклучи Бечировиќ, кој им објасни дека не е возможно толку лесно да се направи тој трансфер.

Мора претходно да се утврди дејноста на фирмата и да се направи финансиска анализа, дека сме заинтересирани за финансирање, но, дека мораат да се исполнат претходните услови. Ниту банките нема да дозволат толкави трансфери без потребната документација и слично. Се договоривме да оформиме тим и да ги испратиме во Белград, за со Радуловиќ да се заврши таа работа!

Зоран Бечировиќ набрзо оформи тим и ги испрати во Белград. Иако на тоа работеа неколку недели, сето на крајот се сведе на тоа дека јас морам да ги дадам парите, а за возврат немаше ништо да добијам, ниту стратешко партнерство, ниту доказ за позајмица, туку едноставно тоа беше моја обврска кон Михајловиќ, дека еден ден, кога тие повторно ќе дојдат на власт и кога ќе ги победат непријателите јас ќе имам корист од тоа!

 

200.000 ВО КЕШ КАКО ПРВА ПОМОШ!

Манастир Соко Град, Вујиќ Ваљево, Повлен: мај 2004 година
Михајловиќ без прекин ми испраќаше пораки, некогаш беше љубезен, некогаш лут, повремено ми зе закануваше, а во почетокот на мај, нервозно и луто ми се јави за да се видиме итно. Му соопштив дека на 8-ми мај 2004 сум повикан од страна на владиката Лаврентие, да дојдам на прослава во манастирот Соко Град и дека тогаш ќе можеме да се видиме.

На свечениот ручек, кој беше подготвен по повод врачување на благодарница и орден што ги добив од владиката Лаврентие, Душан Михајловиќ седеше покрај мене, а спроти нас седеше Ивица Дачиќ, сегашниот министер на полицијата. Беа присутни голем број на службеници, некаде околу 50-тина. Во портите на манастирот имаше неколку стотици луѓе. После ручекот отидов во канцеларијата на владиката да примам орден и ја искористив приликата да му се пожалам за проблемите што ги имам и кои Михајловиќ ми ги создава.

Во канцеларијата дојде Михајловиќ и пред нив зборував за проблемите кои ми ги направи, верувајќи дека тоа ќе го вразуми. Владиката ми вети дека ќе се обиде да ми помогне. Душан ми рече дека има позитивни вести околу истрагата и ми предложи да одиме во Ваљево, во хотелот на неговиот пријател Вујиќ. Ми рече дека по пат можеме да одиме во Повлен, бидејќи сакал нешто да ми покаже. На негово барање, јас преминав во неговиот џип, но, моите луѓе од обезбедувањето не следеа со мојот автомобил.

Во Ваљево ме запозна со сопственикот на хотелот, Вујиќ, и уште со неколку луѓе, малку позборувавме и тргнавме во Повлен. Ми даде плико со нов органограм, каде што јас бев значително доле во пирамидата за разлика од претходните. Ми рече дека тоа е единствен начин да се реши работата, бидејќи сега се е во рацете на новиот министер Драган Јоциќ, но, дека тој и понатаму ги држи сите конци, ги контролира Глушиќ и Пушиќ и дека во наредните недели целосно ќе ме извади од шемата. Видливо беше дека ја променил тактиката и дека се обидува до парите да дојде од друга насока.

Стигнавме во Повлен и без некоја посебна причина ја започна темата за Србија и за значајните луѓе. Целиот со мистерија, започна да ги озборува Зоран Ѓинѓиќ и Владимир Поповиќ, зборувајќи дека се предавници, дека брдата околу него се полни со тајни, дека тој сите ги знае и слични такви работи. Во еден момент се заврте и ми се обрати:

„Земјаку, можеби еден ден и ти ќе дознаеш некои од овие тајни. Но, мораш да се отвориш! Ајде, колку можеш, па да го решиме проблемот. Дали 50 не ти се многу?“. Веројатно мислеше на милиони!

Се обидов да објаснам дека сум дал потврда дека сакам да финансирам во „Ц-Маркет“, но ,дека сеуште чекам информации од Белград, дека без нив не можам ништо да направам. Почна да мафта со шемата од акцијата „Мрежа“ и ми се закани дека можам да настрадам или се да ми одземе. Повторно, налутено ми се обрати:

„Земјаку ќе наебеш, немој да бидеш глуп! Сите веќе го платија својот дел, остана само ти, па не мислиш веројатно дека ќе можеш да се извлечеш!?“.

Ми ја покажа шемата и со смеење ми покажа дека Мишковиќ веќе го нема, коментирајќи дека Мишко не е попаметен од мене. Тоа го кажа смеејќи ми се во лице. Повторно мистично замолкна, но, кога повторно прозборе, луто ми кажа дека ако тој ден не дадам пари, веќе нема да може да го сопре моето пропаѓање. Му повторив дека јас не сум виновен и дека немам причина да се плашам, бидејќи ништо не сум направил против законот, на што тој ми одговори:

„Заеби го законот, земјаку, каков закон, ако не платиш – ќе наебеш!“.

Со својот автомобил, Михајловиќ ме врати во Ваљево во хотелот Гранд, кај својот пријател Вујиќ, ми ја даде сметката на хотелот и ми кажа дека можам да ги уплатам парите и на таа сметка, со назнака – За зголемување на капацитетот. И понатаму ми бараше пари и во алузија ми соопштуваше дека може да се случи да бидам приведен на граница!

Нешто подоцна му споменав дека имам 200 илјади евра, кои се наоѓаа во автомобилот на моите луѓе, а беа наменети да ги платам работите околу црквата која ја изградив во Уб. Тој инсистираше да му ги донесам парите, макар како, прва помош бидејќи ситуацијата беше многу, многу сериозна.

Со малку страв, да не ми направи нешто и вистински да не ме задржат на граница, се согласив да му ги дадам тие 200 илјади евра во готово. Тој ги зеде парите со коментар дека ова е само трошка дека парите ќе бидат потрошени за трошоците на инспекторите, за да ги смири малку, но, дека ако не му ги дадам парите кои ги очекува, ништо нема да ме спаси!

(продолжува следната сабота)

Поврзани новости