Со што ќе се греат модуларните болници после пожарот?

by Fokus

Колку се всушност безбедни модуларните болници во земјава, во кои се лекуваат пациентите позитивни на корона вирус, е едно од најактуелните прашања во јавноста, по страотниот пожар во тетовскиот ковид центар чиј епилог е 14 жртви.

-По она што јавноста го гледаше на видео снимките, но и по сведоштвата на присутните на настанот, болницата изгоре за само неколку минути, значи од каков материјал и да била изградена, очигледно беше дека многу бргу гори.

Што ќе се случува во останатите модуларни болници сега, кога се ладните денови на прагот, како ќе се греат просториите, има ли централно греење, или пак греалки, кои неретко се случува да предизвикаат пожар – се дел од стравувањата на граѓаните, кои ,,Фокус” му ги пренесе на министерот за здравство, Венко Филипче.

-Нема потреба од паника, модуларните болници ќе се греат со клими – е одговорот на министерот.

Како потсетување, тендерот за изградба на тетовската, како и на уште 16 модуларни болници во други општини во земјава, лани го доби фирмата ,,Брако” од Велес заедно со ,,Ари и Том” од Валандово, за што државата им исплати околу 3,6 милиони евра.

Во тек е истрагата за трагичниот настан, а во истата ќе бидат вклучени и експерти од странство.

Вики Клинчарова

Поврзани новости