613
Веста за бегството на екс-премиерот, Никола Груевски се уште е актуелна тема во регионот. Српска „Политика“, денеска ја пренесе веста дека Груевски пребегал во Унгарија преку Тирана.
Според српските информации, поранешниот премиер ја преминал македонско-албанската граница со лажен пасош. Со првиот лет на компанијата „Малев“, Груевски директно од Тирана стигнал во Будимпешта.