Шведската поп група АББА повторно се враќа на сцената. Иако првично информираа дека големиот кам бек ќе им се случи во месец декември 2018 година, сепак деновиве на својата официјална интернет страница соопштија дека двете нови песни се во подготовка и ќе бидат промовирани во втората половина на 2019 година.
Групата која во седумдесеттите години на минатиот век молскавично го освои светот со своите хитови нема снимено нови материјали повеќе од три децении.
-Ние можеби остаревме, но песната е нова. И многу е добра – се зборовите со кои АББА ја најави новата песна насловена ,,I still have faith in you” (,,Се уште имам верба во тебе”) која е една од двете нови композии со кои групата се враќа на сцената.
-Сите четворица почувствуваме дека ќе биде забавно да ги здружиме силите и да влеземе повторно во студио на снимање. Така и направивме. И беше исто како времето да запрело и да сме биле на краток одмор. Неверојатно, прекрасно искуство кое резултираше со две нови песни – порачаа Агнета, Бјорн, Бени и Ани-Фрид, едни од најпопуларните изведувачи во поп историјата, чии песни ги достигнаа врвовите на светските топ листи од 1972 до 1982 година.
Во времето на најголемата популарност Агнета и Бјорн беа брачна двојка, исто како и Бени и Ани-Фрид, но кон крајот на седумдесеттите, односно на почетокот на осумдесеттите години, нивните бракови се распаднале, по што се распадна и АББА.
Вики Клинчарова