Со самолеплива лента покриено бугарското знаме на информативна табла во Битола

by Fokus

„Културен“ вандализам направиле непознати сторители во Градскиот парк во Битола кога со самолеплива лента го покриле бугарското знаме на информативната табла поставена до новиот болдер – ѕид за качување со трибина. Оставено е да се гледаат само македонското и знамето на Европската унија, пренесува„Независен“.

Голем ќеф направија битолчани, од млад до старо, на отворањето на првиот болдер – ѕид за качување со трибина поставен во Градскиот парк направен со финансиска поддршка на Министерството за надворешни работи на Бугарија и Генералниот конзулат во Битола. Свеченото отворање беше на 3 јуни, но ова утро, на информативната табла поставена неколку метри до ѕидот со самолеплива лента е покриен текстот за бугарскиот донатор, нивното лого, како и бугарското знаме.

Покриен е текстот на кој пишува дека е „Бугарска помош за развој на министерството за надворешни работи преку Генералното конзулство на Република Бугарија во Република Северна Македонија Битола- 2022-2023 година“. Покриено е логото на Бугарска помош за развој и знамето на Република Бугарија. Оставено е да се чита само текстот кој информира за проектот изведувачот како и знамињата на Македонија и на ЕУ.

Поврзани новости