Со Реал Мадрид освои две титули во ЛШ, а сега е уапсен поради нелегално одгледување ракови

by Fokus

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и португалската репрезентација Фабио Коентрао (33) е уапсен поради нелегално одгледување рак, пишуваат португалските медиуми.

Коентрао, наводно, одгледувал повеќе од еден тон ракови, вклучувајќи јастози и ракчиња. Тој немаше дозвола за тоа.

Пред три години ја прекина фудбалската кариера и се сврте кон риболовот.

„Татко ми секогаш имаше брод, секогаш беше во него. Оттука и моите корени. Често одевме заедно, го сакав тоа. Кога и да имав време, кога бев на одмор, ќе бев на море. Знаев дека еден ден кога ќе се збогувам со фудбалот ќе го работам ова. Многу луѓе мислат дека ова е работа како и секоја друга“, изјави Португалецот.

Со Реал Мадрид освои две титули во ЛШ и две шампионски титули на Шпанија. Тој исто така крена трофеи како играч на Бенфика и Спортинг.

Поранешниот лев бек на Реал Мадрид и на португалската репрезентација одигра 106 натпревари за „кралевите“.

За португалската репрезентација забележа 52 настапи на кои постигна 5 гола.

Поврзани новости