Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 390.330 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се 206.013 граѓани, а вкупниот број на аплицирани вакцини изнесува 244.518. Ревакцинирани се 38.505 граѓани. Во текот на вчерашниот ден 9.561 граѓани примиле прва доза, а вкупно се вакцинирале 11.646 граѓани.
Со последните бројки 44,7 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 37 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација.
Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид.