Со промоција на книгата „Вулкани и земјотреси“, одбележан 22 годишниот успешен развој на Адора Бизнис Групацијата

by fokus

Со промоција на книгата „Вулкани и земјотреси“ од авторите проф. д-р Ванчо Чифлиганец, проф. д-р Михаил Гаревски и м-р Гуте Младеновски, синоќа во Скопје, Адора Бизнис Групацијата одбележа 22 години развој како успешна македонска градителска приказна.

Книгата „Планетата Земја – Нашиот немирен дом“ е прва популарна научно-стручна публикација на македонски јазик, наменета за популација од 7 до 77 години, со цел читателите да се запознаат со вулканите и земјотресите, начинот на кој тие се појавуваат, како и штетите и придобивките што ги носат со себе. Рецензентот проф. д-р Блажо Боев смета дека авторите преку овој научен труд, на разбирлив јазик, кој се чита во еден здив, пред пошироката публика, ефектно ги објасниле феномените на вулканската и сеизмотектонската активност на Планетата Земја, што освен научен има и образовен карактер, а поединците ги мотивира на размислување.

Во време кога вулканите и земјотресите се сеуште актуелна тема, а на територијата на Македонија, регионот и пошироко сеуште се свежи сеќавањата од последиците на овие разорни природни појави, авторите на „Вулкани иземјотреси“ праќаат јасна порака дека знаењето, одговорноста и совеста се нашите најсилни алатки да изградиме безбедни домови и да обезбедиме сигурна иднина, за нас и за идните генерации.

На 22 годишнината од постоењето на Адора Бизнис Групацијата, менаџментот на чело со претседателот, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, потсети дека во рамките на високоградбата како примарна градежна дејност, изградени се над 40 репрезентативни станбено-деловни објекти во 3 држави, со вкупна површина од над 400 илјади m² и инвестиции со финансиски обрт од близу 1 милијарда евра. Во над 3.000 домови и стотици деловни простории на брендот Адора, со вградени 220 илјади mᶾ бетон и над 18 илјади тони железо, спокојно и среќно живеат и работат над 13 илјади граѓани.

Освен во Македонија, Адора со свои недвижности е присутна во Србија и Грција, а од 2025 премиерно и во Словенија. Со диверзификација на бизнисот, Адора Бизнис Групацијата, со акционерски капитал значително навлезе во банкарскиот и финансискиот сектор во Македонија и во стратешки компани од државно значење. Во енергетскиот сектор, Адора е сопственик на топлани кои речиси целосно го загреваат главниот град Скопје. Стопанисувајќи со производството на топлинска енергија, оваа македонска компанија, сега работи на проект за пионерска модернизација и огромно унапредување на дејноста во полза на граѓаните, животната средина и стопанството.

На корпоративната новогодишна прослава на Адора, беше претставен и нејзиниот најнов, круцијален проект Порта Скопје by Adora, кој се гради во централното јадро на македонската метропола, замислен како модерен комплекс, хармонична компилација на станбени објекти за хумано, урбано домување и А класа деловен центар со светски стил.

На настанот присуствуваа поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, видни личности од општествено-економскиот живот во Македонија, голем број соработници и пријатели на брендот Адора.

Поврзани новости