Со приватен авион Карлеуша тргна кон Македонија

by fokus

Откако кавадарчани кажаа „Не“ за настапот на српската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша во нивниот град, таа денес сепак со приватен авион тргна кон Македонија. Нејзина дестинација е Битола, каде вечерва ќе настапи во казино.

Фотографии од луксузната внатрешност на бизнис џетот утринава објави нејзиниот менаџер Зоран Бирташевиќ, кој ја следи на настапите.

За приватниот авион, со кој пејачката веќе има доаѓано на настапи во Охрид, српските медиуми пишуваа уште пред четири години.
Според тогашните објави, Карлеуша и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ се решиле за купување на свој авион, вреден околу два милиони евра, бидејќи поради честите патувања многу ќе им го олеснел животот.

Ова е прв настап на популарната пејачка во Македонија годинава, откако лани пееше во клуб во Охрид.

Влезниците за настанот во Битола се продаваат по цена од 1.000 денари.

Вики Клинчарова

Поврзани новости