Со пристигнувањето на Мицкоски и Каракамишева почна третата лидерска средба

by fokus

Во Клубот на пратенциите утрово почна лидерската средба за надминување на разликите односно постигнување политички договор во врска со прашања поврзани со претстојниот референдум и изборот на ДИК.

На лидерската средба присуствуваат лидерите на четирите најголеми парламентарни партии Зоран Заев на СДСМ, Али Ахмети од ДУИ, Христијан Мицкоски од ВМРО ДПМНЕ и Билал Касами од БЕСА. Последни пристигнаа Мицкоски во придружба на професорката по право, Тања Каракамишева.

Ова е трета лидерска средба во последните пет дена. Првите две  се одржаа минатата недела, едната во проширен состав со присуство на  лидерите на партиите кои имаат повеќе од еден пратеник во Собранието, а втората во скратен состав по барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Власта бара од опозицијата поддршка за претстојниот референдум, додека опозицијата инсистира на усвојување на Законот за финансирање на политичките партии, измени во Законот за Влада според пржинскиот модел и измени во Кривичниот законик поврзан со амнестијата.

По завршување на средбата се очекуваат изјави од лидерите.

Поврзани новости