Со американска помош од 800.000 долари, се проширува Клиниката за хематологија

by Фокус

Ќе се прошират капацитетите за хоспитализација на пациенти на Универзитетската клиника за хематологија во Скопје со финансиска поддршка од 800 илјади долари од Европската команда на Армијата на Соединетите Американски Држави. Со оваа инвестиција целосно ќе се заокружи процесот на обнова на просторните услови во рамки на Клиниката започнат во 2017 година. Финансиската поддршка се реализира преку Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

-Многу работи се сменија откако почнавме да разговараме за овој проект. С Македонија стана дел од НАТО, санавме сојузници, доби покана од ЕУ за започнување на пристапниот процес, а се случи и пандемијата на Ковид-19. Тоа што не се смени во сите овие години е заложбата на САД да работи со С Македонија за подобрување на здравствениот систем. Среќна сум што таа соработка се развива. Ќе продолжиме да работиме заедно не само за справување со пандемијата туку и за зајакнување на здравствениот систем, науката, технологијата во интерес на сите граѓани – рече амбасадорката Кејт Мари Брнз.

Министерот Венко Филипче потсти дека Амбасадата на САД беше првата што помогна со лична заштитна опрема.

– Овој проект за надградување физичка и инфраструктурна на Клиниката за хематологија за нашите пациенти значи многу. Значи дека таа нова метода која што започна да се прави на оваа Клиника благодарение на овој тим, на овие лекари предводени од директорката и менаџерите на Клиниката пред две години, метода која што дотогаш не беше можно да се направи на нашата Клиника и пациентите се праќаа во странство практично ќе значи дека ќе се одвива во многу подобри услови – рече Филипче.

Поврзани новости