Основното училиште ,,Димче Ангелов Габерот” од Демир Капија доби нова термална фасада. Станува збор за Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование.
-Со финансиска поддршка од Европската команда на САД на централната зграда на училиштето е поставена термална фасада со која училиштето ќе биде топло во зима, а свежо во лето, и се подобрени условите за работа и учење на над 360 ученици и наставници. Во реновирањето на фасадата Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието учествувал со 1.159.020 денари, а пак училиштето и општината со 751.526 денари- информираат од училиштето.
Од 1993 година, па досега, американскиот народ преку УСАИД инвестирал во Македонија над 830 милиони долари.
Вики Клинчарова