Министерот за економија – Крешник Бектеши на настанот „Зајакнување на прилагодливоста и растот на микро, малите и средните претпријатија“ потенцираше дека преку подобрување на мерките за ублажување на негативното влијание на кризите, подобрување на организациската поддршка и економскиот јакнење на жените, претпријатијата ќе постигнат поголема конкурентност и инклузивност.
„Денеска имаме прилика да го проследиме настанот кој во континуитет се имплементираше заедно со УСАИД за зајакнување на капацитетите во делот на еко-системот, во делот на поддршка на сите наши асоцијации се со цел да им излезат во пресрет попрофеисонално и на најдобар можен начин на нашите микро и мали компании. Ние како Министерство за економија целосно ги поддржуваме ваквите проекти имајќи предвид дека дизјанираме мерки се со цел да имаме одржлив економски развој, а посебно да се излезе во пресрет на потребите на микро и малите компании кои се и двигатели на економскиот развој во нашата држава, и кои креираат најмногу работни места во нашата држава“, рече Бектеши.
Тој потенцираше дека Министерството за економија имајќи го предвид значењето на Микро, малите и средните претпријатија и на претприемништвото како двигатели на економијата, презема разни мерки и активности за финансиска и нефинансиска поддршка со цел унапредување и подобрување на конкурентоста на претпријатијата преку поддршка за имплементирање на стандардите за квалитет, за набавка на нова и модерна опрема, како и за јакнење на институционалната инфраструктура за поддршка на ММСП, претприемништвото и занетчиството.
Посочи дека треба во континуитет да се креирата можности и да се работи на поддршка на жените кои сакаат да отворат свои бизниси, а секако и развој на оние жени кои веќе поседуваат некаков бизнис.