Законот за заштита на сведоци, кој е дел од пакетот реформски закони, денеска во Собранието беше изгласа со 86 гласа „за“. Тоа значи дека за Законот, кој беше предложен од Владата, гласаа и пратеници од опозицијата.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска, ја образложи оваа постапка на пратеничката група.
-Согласно предлозите кои ги давовме, вкупно 11 на број од страна на ВМРО-ДПМНЕ, се направи интервенција во постоечкиот закон и можеме да кажеме дека правдата е задоволена. Ваквиот закон можеби не е идеален, но е подобар од оној што беше предложен на почетокот од страна на СДСМ – рече Стаменковска.
Немаше гласови против и воздржани гласови по однос на овој закон, кој беше неколку пати во минатото побаран од Специјалното јавно обвинителство.
Седницата беше закажана во 11.00 часот, но почна во 14.15 часот