667
Владината делегација на Мечкин камен во Крушево била нападната со пластични шишиња и чаши од навивачките групи кои присуствуваа на денешната прослава по повод Денот на Републиката.
По завршување на манифестацијата насилната група тргнала кон претставниците на Владата, но била спречена да им се доближи од полициското обезбедување, велат очевидци.
Сепак фрлале кон нив предмети што ги имале во рацете при тоа извикувајќи пцовки и навреди како изроди, предавници.
На Мечкин Камен денеска присуствуваше владина делегација составена од вицепремиерот Кочо Анѓушев, министрите за транспорт и врски, информатичко општество и администрација, локална самоуправа и за здравство, Горан Сугарески, Дамјан Манчевски, Сухејл Фазлиу и Венко Филипче.