Дваесет диви приклучоци се исклучени од водоводната мрежа во Сарај Крушопек и Долна Матка за една седмица, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. Оттаму велат дека домаќинствата со питка вода полеваат цели ниви, а од друга страна не плаќаат ништо за тоа.
„Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснабдувањето до сите корисници во град Скопје. Повикуваме на одговорно однесување и регуларно поднесување на барања за водоводен приклучок доколку за тоа имаат потреба. Апелираме до граѓаните доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 023073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk, www.vodovod-skopje.com.mk или преку мобилната апликација достапна за Android и iOS“, велат од претпријатието.