Со Петар Грашо и многу домашни музичари Општина Кисела Вода ќе слави роденден!

by Fokus

Хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо, како и голем број на наши музичари ќе бидат дел од Културното лето и одбележувањето роденден на Општина Кисела Вода.

Забавните случувања ќе започнеле на 22-ри јуни, а ќе завршеле на 29-ти јуни, со одбележување на 68-от роденден на општината.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја најави програмата, и ги покани љубителите на квалитетна музика да дојдат на настанот, потсетувајќи дека минатата година на Културното лето имало над 30.000 посетители.

Покрај Петар Грашо, ќе настапеле и Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Жаре Бербер, Нокаут и многу други.

Детали со целосната листа на изведувачи најави за утре на прес конференција.

Вики Клинчарова

Поврзани новости