776
Сопруг со повеќе убоди од нож ја убил својата сопруга вечерва во Струга, а потоа се обидел да се самоубие.
-Во 19 часот и 15 минути пријавено е дека во Струга, на улицата „Ристо Крле“ при расправија со својот сопруг, С. Р. (1987) од убод од нож е повредена и им подлегнала на повредите. Смртта ја констатирала екипа на Итната медицинска помош, а Ј. Р. (1982) е повреден и е пренесен во Општата болница – Струга – изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Брачниот пар имал и малолетни деца.