448
„Кажи ми, кажи кој“ е песната со која Тамара Грујеска ќе ја претставува Македонија на детската Евровизија на 26-ти ноември во Ница.
Автор на песната е Роберт Билбилов, миксот и мастерингот му е заеднички со Дарко Димитров, а пак текстот му е заеднички со Коста Петров.
За песната е изработен и видео запис кој е објавен на музичкиот канал Јутјуб.
Ова е 21-во издание на Јуниорски Евросонг, а се одржува во Фрнација, откако минатата година победи нивната претставничка Лисандро.
Лани манифестацијата се одржа во Ерменија, а Македонија ја претставуваше Лара, ќерка на пијанистот Симон Трпчевски, заедно со Ирина и Јован. Завршивме помеѓу последните, односно на 14-то место од вкупно 16 земји учеснички.
Вики Клинчарова