На камената сцена на плоштадот „Александрија“ во Прилеп, со сценско музичкиот перформанс „Традицијата оживува“, беше отворен 43-от фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.
Уметничкиот перформанс претстави ревија на женски носии од Полошкиот регион од крајог на 19-от и почетокотна 20 –от век, а преку песни и обичаи ја прикажа статусната улога на жената од овој крај. Автор на ова несекојдневно доживување е студентот Бојан Петковски.
Денес и утре се двата натпреварувачки дена. На Рудина кај Долнени ќе настапат околу 350 изведувачи на народни инструменти и песни. Програмата в сабота ( 8 јули) почнува од 18.30 часот. Рудина е обновена. За прв пат доби амфитеатар.
Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ се одржува под покровителство на Министерството за култура, со поддршка на општините Прилеп и Долнени.