Со парите за новогодишно украсување општина Чаир купи две амбулантни возила

by fokus

Со парите за новогодишно украсување општина Чаир купи две амбулантни возила за Итната помош во Скопје. Министерот за здравство Венко Филипче му се заблагодари на градоначалникот.

-Му се заблагодарувам на градоначалникот Висар Ганиу за високата општествена одговорност и свесноста во работењето. Ова е значајна донација, во еден сериозен сегмент во целокупниот здравствен систем, кој во континуитет го надградуваме. Возниот парк повеќе од 3/4 целосно го обновивме, со набавката од Министерството за здравство и од донациите кои пристигнаа во изминатиот период, истакна Филипче.

Поврзани новости