Со пакет мерки да ги решиме грбот, химната и другите заостанати прашања, порача Таравари

by Fokus

Министерот за здравство од Вреди, Арбен Таравари рече дека се подготвени да разговараат за пакет мерки, со што ќе се решат сите заостанати прашања од минатото.

„Вреди е подготвен да разговара за се. За жал, во минатиот период повеќе осетливи теми се ставаа под тепих. Ние сме подготвени да разговараме за пакет мерки кои се нерешени во изминатите 20 – 30 години и во пакет да ги решиме, зошто тука да не бидат и грбот и химната и 20 отсто и други етнички прашања ако има и веќе да се фокусираме на економијата, евроинтеграција, антикорупција, подобри плати, подобар живот,…, изјави Таравари.

Тој рече дека Македонија е една од ретките постсоцијалистички држави чиј грб не е сменет. На прашањето што треба да има на грбот, Таравари рече дека се уште не ја отвориле таа тема.

Поврзани новости