610
Откако и вечерва со два чатали го исшараа Собранието, предвониците на Шарената револуција, познати како „командуси” на крајот од протестот добија орден за заслуги од граѓаните.
Тие веќе осум недели активно учествуваат на протестите, а ги обучуваа и демонстрантите како да управуваат со чаталот за бојадисување.
Инаку, на вечерашните протести офарбана беше и Владата, а демонстрантите ја „украсија” и со гоблен со слика на ВМРО-ДПМНЕ зад решетки.
Тука уште еднаш порачаа дека нема да дозволат селективна аболиција и можност да се спаси половина извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.
Фото: Нова ТВ