Со обработени 200 евра уапсен е жител на скопско Идризово – парите ги зел од екс момчето на ќерка му

by irena 14:47
14:47

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека синоќа во 20 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделението за насилен криминал при СВР – Скопје лишиле од слобода лице на возраст од 57 години.

– Според пријавеното, тој претходно се заканувал на 26-годишен маж од скопско, поранешен партнер на неговата ќерка, барајќи да му врати сума пари што, наводно, ги давал за кирија, за поправки на автомобил и за други трошоци, додека сите тројца живееле заедно во изнајмен стан во населбата Карпош – појаснија од МВР.

По пријавување на настанот и по известување на надлежен јавен обвинител, земен бил записник за примање на пријава за кривично дело „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик и вчера во угостителски објект во Скопје, таткото бил лишен од слобода, откако, претходно, како што појаснија од МВР, примил крим-технички обработени 200 евра од пријавителот.

Слични вести