Тереза Хенсон денеска е осудена на доживотен затвор за убиството на нејзиниот сопруг Пол (54). Таа го прободела својот сопруг во срцето, а потоа продолжила непречено да сечка кромид и да подготвува вечера.
Таа денеска беше осудена на доживотен затвор, но по 9 години има можност за условна слобода.
Нејзиниот син Рајан смета дека тоа било несреќен случај и додава дека не може да верува дека неговата мајка е способна за такво нешто.
„Како семејство поминувавме многу време заедно, најмногу во куќата на моите родители. Го изгубивме нашиот камен-темелник и луѓето кои секогаш беа тука за нас“, вели Рајан.
При изрекувањето на пресудата судијата рече дека не се работи за убиство со умисла. Тој исто така додаде дека Пол ја провоцирал Тереза пред убиството и дека тоа не му било првпат.
„Прифаќам дека никогаш нема да можете да си простите за тоа што сте го направиле. Ќе живеете со вината до крајот на животот“, додал судијата.
Претходно за време на судењето Тереза изјавила дека пред трагедијата таа и Пол се скарале.
Пол ја нападнал Тереза, а ножот бил во нејзините раце кога се расправале.
„Се уверив дека сум го избодела дури кога кучето почна да лае. Потоа се свртев и видов крв на подот“, вели таа.
Тереза потоа се јавила на 911 и им кажала дека го избодела нејзиниот сопруг во напад на бес.
Таа на судењето изјави дека нејзиниот сопруг психички и вербално ја малтретирал со години.