Со негативен тест или код за вакцинација македонските граѓани на продолжен викенд во Грција

by fokus

Поради продолжениот викенд, на граничниот премин Богородица, кон Грција, е зголемен бројот на патници, но македонски граѓани кои во моментот патуваат кон јужниот сосед, велат дека нема застој и се поминува без проблем.

-На граничниот премин покажувате негативен тест или код за извршена вакцинација, и без проблем и без чекање се влегува во Грција, ни изјавија патници.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека граѓаните пред да патуваат се што треба да направат е да се најават на апликацијата и да се испрати електронска пошта со нивни податоци, а кју-ар кодот на сертификатот, што е добиен од која било држава се скенира.

-Кју ар кодот ќе биде генериран и видлив во апликацијата и сите други кју-ар кодови наменети за ПЦР тестирања, од следната недела. За време на престојниот викенд и следната недела ќе се споделат технички податоци преку системот на Мој Термин што треба акредитираните лаборатории да издадат како свој документ за да на таа апликација може да има код, што ќе ги содржи податоците за вакцина или за секој следен ПЦР тест што ќе биде направен, а ќе се генерира со тоа што ќе се внесе кодот во апликацијата, објасни министерот Филипче.

Поврзани новости