Со недели ја демнел ќерка му, па 27-годишникот сам му пресудил на осудениот педофил

by Fokus

Татко од Минесота до смрт претепал 77-годишен сексуален престапник кој наводно ја демнел неговата ќерка, пишува британски Телеграф.

Леви Акстел (27) и се предал на полицијата целиот облеан во крв откако го убил Лоренс Скули.

Убиството ја шокираше заедницата Гранд Маре во Минесота, изјави локалниот шериф Пет Елиасен.

Скули беше осуден за малтретирање на 6-годишно девојче во 1979 година, а односите меѓу него и Акстел беа затегнати некое време.

Во 2018 година, Акстел наводно се пожалил дека Скули ја демне неговата 22-месечна ќерка која била излезена на прошетка.

„Постојано демнеше деца во своето комбе. Тој е осуден педофил. Неговото демнење на ќерка ми е целосно несоодветно и мора да престане“, напиша Акстел во судската пријава во која бара налог за заштита.

Судот на крајот го одобри барањето на Акстел за заштита, но го повлече само неколку недели подоцна, јавуваат американските медиуми.

Две години подоцна, Акстел напишал пост на Фејсбук велејќи дека „единствениот лек за педофилите е куршум“.

Минатата среда полицијата повикала граѓанин кој видел како автомобил застанал на патеката на Скули, а потоа возачот го скршил автомобилот и влетал во куќата. По тоа се слушнал вресок.

Облеен во крв, Акстел возел до полициската станица, ги ставил рацете на главата и признал дека го убил Скули.

Тој и рекол на полицијата дека го удрил Скули од 15 до 20 пати со лопата. Тој, исто така, и изјавил на полицијата дека често го гледал комбето на Скули паркирано во близина на местото каде што се собираат децата.

Шерифот Елиасен потврди дека Скули бил претходно осуден за сексуален престапи дека била ослободен од затвор во 1982 година.

Против него имало повеќе пријави, но истрагата не откри ништо, пишува Телеграф.

И покрај приговорите, судот ја одреди кауцијата на Акстел на 1 милион долари. Не можејќи да плати кауција, тој беше задржан во притвор до сослушување закажано за 10 април.

Поврзани новости