Вчера заврши празнична програма на Плоштад Македонија.
Две недели дружба со публиката, многу македонски изведувачи, водители и детски насмевки во изобилство.
Последната фестивалска вечер заврши со настапите на Фиц D’invisibles и Некст Тајм.
Водителите Димитар Атанасовски и Ненад Ѓорѓиевски и овојпат со задоволство ја забавуваа многубројната публика.
Во изминатите две недели се отпеаја и отсвирија најголемите македонски хитови, Плоштад Македонија блесна во полн сјај, а Скопје и скопјани добија забава каква што им доликува. велат од Комора на музичка индустрија која во соработка со Град Скопје го подготви настанот.
Оттаму велат дека се горди на целиот проект, благодарни на позитивниот одговор од македонските изведувачи, среќни од целата позитивна енергија што публиката ја возврати и токму затоа, се надеваат дека оваа манифестација ќе прерасне во долгогодишна традиција.