1.6K
Балканската фолк ѕвезда Лепа Брена вечерва ќе има настап во ресторан во Вевчани.
Нејзиниот концерт е дел од програмата на отворањето на Меѓународната ликовна колонија ,,Вевчански видувања”, а настанот ќе започне во 20 часот.
Инаку, ова е 11-то издание на колонијата која ќе се одржи од 25-ти јуни до 10-ти јули.
Ќе учествуваат над 20 сликари од земјава и странство.
Во минатото, за време на свеченото отворање на колонијата, свои настапи имаа Жељко Самарџиќ, Драган Мијалковски, Тереза Кесовија, Петар Грашо, Данијела Мартиновиќ и други.
В.К.