544
На трети јуни (петок) со почеток од 21 часот на градскиот плоштад во Валандово започнува тридневната манифестација по повод реномираниот Фолк Фест Валандово. На настанот на отворено први ќе настапат Дац и Александар Митевски, а потоа следува концерт и на Ленче и Горан Кукиќ.
Наредниот ден, во сабота, на плоштадот ќе настапат Владо Јаневски и Љубојна. Двете вечери со концерти се новитет кога е фестивалот во прашање, а пак натпреварувачката вечер ќе се одржи во недела, во фестивалската сала „Јанко Узунов“ и ќе бидат отпеани 23 новосоздадени фолк композиции.
Годинава фестивалот слави јубилеј, 35 години постоење, и се очекуваат голем број на гости во градот.
Вики Клинчарова