Со мотото „За нас сонцето грее од запад“ ќе се одбележи Денот на албанската азбука

by fokus

Со повеќе настани во Скопје и Битола под мотото „За нас сонцето грее од запад“ кои ќе се крунисаат со концерт на албанскиот виолинист Шкелзен Доли во Скопје заедно со Македонската филхармонија под диригенство на Михаел Мацијашчик од Полска утре и задутре ќе се одбележи Денот на албанската азбука и 110-годишнината од Битолскиот конгрес.

Одбележувањето ќе почне утре во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците со доделување на признанија и предавање на тема „Непознатото потекло на химната на албанската азбука“, а ќе заврши со концерот на Доли во четврток во Македонската филхармонија и изложбата на архивски документи „Една нација, едно АБЦ“.

-Одбележувањето го симболизира денот кога интелектуалните потенцијали  на Албанците од сиот свет се соединија во насока на унифицирање на својата азбука какао историска точка за интелектуалното, културното и етничкото соединување на сите Албанци. Фактот што пред 110 години овој историски настан се случил токму во Битола има тежина за нас Албанците од Македонија како дел од нашиот придонес во изградба на етничкиот и национален ентитет на Албанците, порача вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната прес-конференција.

Тој го оцени Албанскиот конгрес како напор на прогресивните и образованите интелектуалци Албанци за да дадат цивилизациски дух на албанското образование, модернизирајќи го преку признавање на латинската азбука како азбука  за пишана комуникација.

Поврзани новости