Со мопедот излетал од патот и тешко се повредил

by Fokus

МВР информира дека синоќа во 22.43 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на локалниот пат Кочани – брана Гратче, мопед управуван од В.А.(57) од Кочани, излетал надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

 

Поврзани новости