За време на викендот на сцената на Долни Сарај во Охрид се одржа јубилејното 30-то издание на музичкиот фестивал ,,Охрид Фест”.
Првата, Фолк вечер, донесе 19 новокомпонирани народни песни, додека пак на втората, Интернационална вечер, беа испеани 15 новосоздадени забавни мелодии.
Дадо Топиќ, Гоца Тржан, Васил Гарванлиев, Дарко Капо, Џими Сион и многу други музички имиња беа гости на манифестацијата, која се емитуваше на Јавниот сервис МТВ.
„Охрид Фест” секогаш бил предизвик за многу музичари, а годинава на Фолк вечерта настапија Милован Секуловски, Игор Петковски, Павле Витанов, Јуле Николовска, Мирко Вретоски, Ансанбл Билјана, Ристе Наумовски, Татјана Стефановска, Даце Николовски, Марко Трпчевски, Петар Нечовски, Катерина Танева и група Сарај, Перо Христов, Благица Павловска, Душко Георгиевски, Зуица Лазова, Нино Величковски, и дуетите Татјана Лазаревска – Новица Василевски и Наум Петревски – Лилија Семкова.
Првото место од жири комисија го освои Душко Георгиевски, додека пак првото место од публика го освои Кате Танева и група Сарај.
На Интернационалната вечер настапија Слободанка Танева, Ален Хрбиниќ, Марија Цветановска, Мила Николовска – Ѓумар, Емил Фетаховиќ, Трио Гушт, Вељко Радоњиќ, Давид Миладинов, Лоренза Пухар – Лола, Бојана Арсовска, Христијан Проданов, Блаж Маротов, Анѓело, Симона Настеска и Никола Зацески – Зац.
Првата награда ја освои Давид Миладинов, а беа доделени и награди во повеќе категории, како на пример за најдобар текст, аранжман, интерпретација…
Фестивалот секоја година им дава простор и на дебитантите, а годинава наградата за најдобар дебитант ја освои Христијан Проданов.
Вики Клинчарова