Со милион евра се доградува кејот на Луда Мара во Кавадарци

by Fokus

Кејот на реката Луда Мара во Кавадарци, кој се протега од село Ваташа, се доградува се до Општата болница. Станува збор за проект кој изнесува еден милион евра, а како што информира градоначалникот Митко Јанчев, ќе се постави урбана опрема и улично осветлување, и ќе се продолжи кеј-шеталиштето кое претходно беше најзапуштениот дел во градот.

-Се гради минор коритото, ќе се постави ново улично осветлување и урбана опрема, ќе се продолжи кеј-шеталиштето што претходно беше најзапуштениот дел во нашиот град.

Ова е проект од особено значење за овој дел на градот. Финансиската конструкција за овој проект изнесува 1 милион евра- истакна градоначалникот.

Новоизградениот кеј на Луда Мара беше пуштен во употреба во 2010 година. Реконструкцијата на коритото се изведе со европски пари кои општината ги доби како награда за најдобар проект.

Претходниот кавадаречки градоначалник Александар Панов најавуваше доизградба на кејот се до Брушански Мост уште во изборната кампања во 2013 година, но се до крајот на неговиот мандат, кејот остана само делумно изграден.

На локалните избори во 2017 година пак, Јанчев вети дека ќе го уреди кејот, а на почетокот на 2019 година започна реализацијата на проектот за изградба на кејот низ селото Ваташа. Се постави урбана опрема, осветлување, како и клупи со соларни панели за производство на електрична енергија, со приклучоци за полнење на батериите на сите типови на мобилни телефони, безжичен бесплатен интернет.

Освен што го регулира течението на реката, кејот важи и за омилено шеталиште на граѓаните.

Вики Клинчарова

Поврзани новости