Со „мал напредок“ заврши третата рунда преговори меѓу Украина и Русија

by fokus

Заврши денешната трета рунда преговори меѓу руската и украинската страна. Според украинскиот преговарач Михајло Подољак има позитивни поместувања во однос на прашањето за сигурноста на хуманитарните коридори.

-Третата рунда преговори заврши. Има мали позитивни движења во подобрувањето на логистиката на хуманитарните коридори. Продолжија интензивните консултации за основниот политички блок на прописи, со прекин на огнот и безбедносни гаранции, рече Подољак во видео пораката објавена на Твитер.

Од Руската амбасада во Белорусија, каде се одржуваат преговорите, кусо соопштија дека третата рунда преговори завршила.

Поврзани новости