Пратејќи ги светските и глобални трендови кои земаат се поголема популарност и во регионот за тргување и инвестирање во крипто средства Независната угостителска комора започна иницијатива за креирање на криптовалута со која ќе може да се плаќа во угостителските објекти во Македонија.
Започнавме иницијатива за издавање иницијална понуда за издавање на глобален алтернативен крипто коин – крипто средства, базирано на паметен договор темелен на независна блокчејн платформа наменети за користење исклучиво во угостителската индустрија со што се обезбедува алтернативен извор и начин на прибирање на средства за инвестирање и финансирање на македонски и регионални угостители и угостителски објекти, велат од НУК.
Приходите остварени од инвестициите во крипто средството, авансно ќе се исплатуваат и инвестираат во угостителите кои ќе имаат за обврска добиените средства да ги враќаат и исплаќаат со реализација и испорака на сопствени угостителски услуги.
Целокупната иницијатива со целосно иновативен пристап и решение за примена на крипто средства во угостителската индустрија може да се реализира запазувајќи ја постојната и усогласена со ново најавената законска регулатива за работа со крипто-виртуелни средства која се имплементира преку нацрт-закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам кој е во собраниска процедура, објаснуваат од НУК.
Независната угостителска комора уште на 4-ти октомври доставила барање до Народна банка, Министерство за финансии, Министерство за економија, Управата за јавни приходи и Централниот регистар за информации за МОЖНОСТИ ЗА ЗАКОНСКА ТРГОВИЈА И ИЗДАВАЊЕ НА КРИПТО ВАЛУТИ СОГЛАСНО ПОСТОЈНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА. До денеска немаат добиено одговор.
Целокупната иницијатива со целосно иновативен пристап и решение за примена на крипто средства во угостителската индустрија може да се реализира запазувајќи ја постојната и усогласена со ново најавената законска регулатива за работа со крипто-виртуелни средства која се имплементира преку нацрт-закон за спречување перење пари и финансирање тероризам што е во собраниска процедура, напоменува Комората.
Тие додаваат дека со цел побрзо да ја прекинат агонијата на преживување и да изнајдат алтернативни начини за финансирање, инвестирање и помош и поддршка на угостителската индустрија не само локално туку и регионално ја започнале оваа иницијатива со колеги од Балканот за издавање на глобално крипто средство базирано на паметни договори како една нова модерна можност за прибирање на финансиски средства и промоција на македонскиот и балканскиот туристичко-угостителски сектор кој ги следи и имплементира модерните технологии во угостителскиот сектор.
На овој начин со промоција на т.н. македонска и балканска крипто дестинација индивидуалци од целиот свет кои сакаат да ги планираат и да инвестираат во своите годишни патувања и одмори – летувања и зимувања во Македонија и балканот, бизнисмени што континуирано патуваат, разни тур оператори и туристички агенции кои имаат потреба да закупат и резервираат повеќе различни угостителски капацитети, номади и разни инвестициски фондови и инвеститори ќе можат да инвестираат и да го купат ова крипто средства по загарантирани повластени цени кој важеле на денот на купување со што ќе се стекнат со правото да ги користат услугите на угостителите било кога сакаат или да тргуваат со крипто средствата по актуелни цени во било кој момент од наредниот период, велат од Комората.